Дескоска може да оди ,,курбан” за десната рака на Невзат Бејта

Рената Дескоска може да стане жртва на партиските договори меѓу Заев и Ахмети и фракционерската борба во ДУИ каде што гостиварското крило бара висока и моќна функција во Владата.



“Иако министерката за правда Дескоска денес изјави дека нема намера “да шета по министерства и да се враќа назад во образование“, тврди порталот Магазин кој од извори во ДУИ дознава дека договорот за размена на министерски ресори веќе е направен на највисоко ниво, меѓу премиерот Заев и Али Ахмети.

Најзаинтересиран за оваа позиција бил поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, но бидејќи Заев и Ахмети се согласиле да ставаат понови лица во владата, фаворит за министер за правда засега е Башким Хасани, кој му беше шеф на кабинет на Бејта и негова десна рака во општината.

Башким Хасани во Гостивар е познат и како висок функционер на огранокот на ДУИ и човекот кој најчесто ги држи прес конференциите кога треба да се нападне градоначалникот Таравари, кој доаѓа од Алијансата на албанците.

Фото magazin.mk

Повеќе на овој линк