Парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот (ВИДЕО)

На Црвениот плоштад во Москва во тек е парадата по повод 74. години од победата во Втората светска војна.



Откако беше одржана минута молчење за жртвите од војната, претседателот Путин потсети на сите оние кои го дале животот за слобода на Русија и порача: „Слава на народот победник! Ви честитам! Ура!

Во парадата учествуваат повеќе од 13 илјади војници.

Исто така ќе бидат претставени 132 технички единици, 74 авиони и хеликоптери, оклопни возила, транспортери како и многу други.

Низ европските престолнини, денеска се одбележува 9 мај како Ден на победата над фашизмот во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во 1945 година и Ден на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години подоцна. Овие два значајна настана во историјата на Европа како и секоја година се одбележуваат со низа манифестации, а традиционално вратите на европските институции се отвораат за граѓаните.