Васил Стерјовски е првиот пратеник-етнички Македонец во албанскиот парламент што доаѓа од партија МАЕИ која ги застапува македонските етнички интереси кај западниот сосед.



Станува збор за генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Централната изборна комисија на Албанија го одобри неговиот мандат откако МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција на парламентарните избори 2017.