Бугари во Уставот или вето за ЕУ бара Македонски научен институт од Софија

Владата во Скопје уставно да признае бугарска национална заедница во Македонија и тоа барање Бугарија да го постави како главен услов за членството на југозападниот сосед во Европска унија.



Ова е основната заложба во декларацијата на Македонски научен институт од Софија, според кој Договорот за добрососедство не ги дава очекуваните резултати, па оттаму бараат нов.

„И покрај искрениот и добронамерен однос на Бугарија, однесувањето на Република Северна Македонија кон нас е противречно, нејасно и колебливо, што покажува дека се брани неомакедонидската доктрина и се негира заедничката бугарска историја“, изјави заменик претседателот на Инаститутот, Трендафил Митев.