Обвинителката за Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да објави меѓународната потерница по екс-премиерот Никола Груевски кој е во Будимпешта и за бегалецот во Солун, Никола Бошкоски кои се осомничени како организатори на крвавиот упад во Собранието во 2017 година.
„Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение“, рече Русковска.
Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците. Рече дека добила документација од Албанија во истрагата за бегството на Никола Груевски, пренесе „Макфакс“.





