И покрај желбата, Папата Фрањо кој денес пристигна во посета на Бугарија, утре на плоштад во Софија нема да одржи заедничка молитва за мир со Православната црква.
„Сакаме да нагласиме дека секоја форма на заедничка литургија или друг вид црковна служба е неприфатлива за нас, бидејќи светите канони не ни го дозволуваат тоа“, соопшти Светиот синод пред доаѓањето на папата.
Од Бугарската црква соопштија дека ќе биде испратен само детски хо, дознава порталот САКАМАДАКАМ.
Папата Франциско сепак ќе има средба со поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит и планира да посети центар за бегалци во близина на Софија, повикувајќи ги Бугарите да ги отворат своите срца и домови за мигранти.
На софискиот аеродром поглаварот на Римокатоличката црква беше пречекан од ппремиерот Бојко Борисов кој му поскака „добредојде на човекот кој е симбол на верата во нашиот свет“.
Извор: Сакам да кажам





