„За државниот врв е важен не само секој ден, туку и секој час од живот на Тито“ му соопштил Стане Доланац, моќниот шеф на полицијата во СФРЈ во 80-те и човек кој многумина го гледале како наследник на Тито, на лекарот кој 156 години бил личерн лекар на југословенскиот лидер и кој  бил присутен на последните минути од животот на Маршалот.



Предраг Лалевиќ , години после тоа ќе изјави:

„Јас на крај го исклучив од апаратите кои го држеа во живот, но ни на шега не може да се каже дека јас го убив. Десет минути претходно беше мртов. Немаше спас за него“ е изјавата на доктор Лалевиќ што ја пренесуваат хрватски портали.

Во почетоот на 1980 година, Тито упорно одбивал ампутација на ногата иако било евидентно дека гангрена ја зафатила целата лева потколеница. Според зборовите на личниот лекар на Тито, Предраг Лалевиќ, тоа траело се додека Тито не видел како му изгледа ногата.

Posle operacije druga Tita u Klinickom centru u Ljubljani januara 1980. pposetili su sinovi Zarko i Misa.

„Операцијата помина без инциденти и Тито дури почна да прима посети на интензивна нега. Го посетија синовите Жарко и Мишо. Веќе размислувавме за заминување на Брдо кај Крањ кога почнаа компликациите. Најпрво со бубрезите а потоа и другие.

Претседателот беше на респиратор цели 68 дена. Предвидувања колку уште може да преживее ако му ја ампутиравме ногата веднаш би било чиста шпекулација.

Темата за смрт никогаш не била споменувана освен што Тито во една прилика рекол>

„Јас долу одам во едно парче“.