„Верни пионери” и оваа година ја посетија „Куќата на цвеќето“ каде лежат посмртните останки од поранешниот лидер на некогашната СФРЈ, Јосип Броз Тито.



Тито, почина на 4 мај 1980 година и денес  се 39 години од смртта на Јоип Броз кој беше прогасен за доживотен претседател.

Секоја година, неговиот гроб во „Куќата на цвеќето“ на Дедиње,  го посетуваат, се поголем број луѓе од поранешните југословенски републики, како и голем број странски туристи, јавуваат белградски медиуми.

Јосип Броз Тито беше роден во Кумаровец во мај 1892 година, а точниот датум на неговото раѓање е непознат, па роденденот на Тито на 25 мај беше прославуван како “Ден на младоста“.

Јосип Броз Тито, беше еден од иницијаторите на Движењето на неврзаните, заедо со замал Абдел Насер и Џаварлахар Нехру во времето на најжестоката „студена војна“ помеѓу Запад иИсток, движење кое обединуваше над 120 земји од таканаречениот трет свет и новоослободени колонии…

Неговиот погреб се уште се смета за најголем  и најмногуброен самиот на шефови на држави и премиери …