Членот на президиумот на Левица и професор Димитар Апасиев информира дека неделникот Фокус не го објавил интервјуто со него, најверојатно затоа што не им се допаднале одговорите.
“„ФОКУС“ ми побараа интервју за во денешното нивно пишано издание на весникот. Им дадов. Најкултурно. Во меѓувреме, ваљда не им се свиѓале одговорите пред изборниот молк, па не ми го објавиле таму, туку само на нет. Ако бе, сполај ви и на толку”, пишува Апасиев кој
препорачува интервјуто да се прочита “додека не го тргнале и од нетов ?”.
Според Апасиев интервјуто најмалку има врска со “сироткиот Савески и неговата пропала дружина. Има други делови за нашата идеологија кои се многу посуштински…”, вели Апасиев користејќи го хаштагот #ЈакобинскотоКрило.
Интервјуто на Апасиев за Фокус
ИНТЕРВЈУ Апасиев: Левица на чело со Савески ќе беше провладина пајтон партија!





