„Време е за жена претседател“ – вели шефот на ЕК, Јункер

Досегашниот претседател на ЕК изјави дека е „крајно време жена да биде на чело на Европската комисија“.



Жан Клод Јункер изјави дека мажите веќе ја искористиле „својата шанса“, со оглед на тоа дека од основањето на ЕК во 1958 година сите претседатели биле мажи.

Изјавата на Јункер доаѓа по наговестувањата дека данската политичарка Маргрете Вестагер е во најтесниот избор за нова претседателка на ЕК.

Изборот на претседател на Европската комисија зависи од резултатите од изборот за Европарламент, кои ќе бидат одржани од 23 до 26 мај. Нов претседател.