Професорот Блерим Река, кој како кандидат учествуваше во првиот круг од претседателските избори преку Фејсбук им се заблагодаи на речиси 80.000 гласачи што го поддржаа и ги потсети дека нивно е правото да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг.



„Тие се само ваши гласови… јас не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела“ напиша Река.

Алијанса за Албанците на Централно претседателство заклучи дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните и апелираше тие в недела да го изразат својот суверенитет.

„Партијата го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци“ соопштија од партијата.

Движењето Беса повика на излезност в недела за да се избегне институционална криза, но побара итно одржување на парламентарни избори.

Од ДУИ, ги повика своите членови и симпатизери поддршката да му ја дадат на консензуалниот кандидат Пендаровски, а лидерот Али Ахмети процени дека  меѓу 100 и 150 гласови ќер одат на контото на консензуалниот кандидат.