Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека на 5 мај треба да се гласа за консензуален кандидат и истакна дека тој нема да гласа за себе, туку за младите. На митингот во Скопје тој вчера посочи дека имаат од 100 до 150.000 гласачи кои ќе го дадат својот глас за Пендаровски.
Ахмети смета дека доколку нема цензус тоа не значи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ќе биде претседател на државата, туку дека за 75 дена повторно ќе се распишат избори.





