Беса бара предвремени избори

Движењето Беса, кое задно со Алијансата за Албанците на претседателските избори го поддржа кандидатот Блерим Река, смета дека е важно да се избере претседател на земјата, за да не се создаде нова институционална криза која ќе ја забавила интеграцијата на земјата во НАТО и во Европската унија.



Но, во исто време, од движењето велат дека резултатите од изборите од 21-ви април покажуваат дека владејачката ДУИ ги загубила позициите кај гласачите и бара итно распишување предвремени парламентарни избори.

„Поради делегитимирањето на албанскиот политички фактор во власта, без оглед на исходот на изборите на 5-ти мај, Движењето Беса од парламентарно мнозинство бара веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори за политичката реалност на застапеноста на Албанците во Северна Македонија“, се наведува во соопштението на партијата.