ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава против Шилегов

Поради тоа што среде кампања најави започнување на градба на булеварот АСНОМ и изградба на мост од Аеродром кон Ќерамидница за што и веќе се започнати градежни работи без дозвола и од непознат изведувач, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.



Од партијата сметаат дека Шилегов за ова се пофалил и на социјалните мрежи а основа за кривичната спорд нив е злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење, бесправно градење и поткуп при избори и гласање.

„За проектот изградба, во првата фаза- проширување на булевар АСНОМ, ќе се потрошат над 50 милиони денари, а за истото нема одобрение за градба, што се потврдува и на лице место на градежните работи не е поставена табла на која треба да е напишано и бројот на решението за градба и имињата на изведувачот и на надзорот на градежните работи“  изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМН, пренесува ПЛусинфо.