Вардаровата навивачка група „Комити“ повика на поклонение пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев в сабота, кога навршуваат 116 години од неговото загинување во борба со османлиската војска во селото Баница, Егејска Македонија.
„Бевме предадени, но тоа нè направи решителни, бевме сопрени, но тоа нè обедини, секој дел од она што ни значи се уништува пред наши очи, но ние сме погласни, поцврсти и не се предаваме. Тоа е она што е вистински наша сила, не се фолираме, не калкулираме, точно знаеме кои сме, што сме, кои се нашите цели, идеали, што е она што го носиме во нашите срца и не ни дозволува да потклекнеме, па останале и сами на овој свет…
Нам не ни е потребен овој свет доколку во него ја нема Македонија, тој свет нема никаква вредност доколку во истиот сите освен нас имаат право да живеат во земја каква самите ја создале, именувале, бранеле…
Ние ќе ги славиме оние кои ги посветија и положија животите за ова свето парче земја да биде под сонцето на ова европско тло, ќе ги славиме со сите почести и обичаи, ќе ги почитуваме како што треба и доликува. Но, ние секогаш ќе можеме да бидеме покрај нив со кренати глави и со чисти срца, затоа што вистински го цениме нивниот херојски напор и жртва во вечната наша заедничка борба. Ние не сме лицемери кои ќе положат цвеќе и со државни почести ќе се поклонат пред гробовите, а потоа ќе се свртат и ќе живеат живот бранејќи ставови кои и во гробовите ќе ги обеспокои душите на јунаците…
Со чисти срца комитски кај војводата Гоце!
Сите кои нè почитуваат нас, а пред сè ликот и делото на Македонецот Гоце Делчев, ги повикуваме да ни се придружат.
Добредојден е и секој оној кој посакува да се поклони пред гробот на Македонскиот Великан, кој животот го посвети на Македонија.
Сабота, 4 Мај
Собир: Жабар во 10:00ч.
#ЗаТрговецотОдСолун#ЗаМакедонија#НикогашСеверна





