Ова е рекорд што надминува три пати повеќе од глобалниот БДП, односно од сите производи и услуги на планетата, а економистите предупредуваат дека кога оваа мулти-трилионска бомба, кога ќе експлодира ќе предизика криза полоша од онаа во 2008 година.

Според Меѓународниот финансиски институт, глобалниот долг минатата година порасна за 3,3 трилиони долари на 243 трилиони долари. Од нив, 65 трилиони се должи на кумулативните долгови на државите, што е речиси еден и пол пати повеќе отколку во кризата во 2009 година.

Кон крајот на минатата година, економистите на Меѓународниот монетарен фонд го посочија големиот глобален долг како главна закана за глобалната економија.



Вистинската машина за производство на долг е САД. Вкупниот долг на земјата (вклучувајќи ја владата, локалните власти, финансискиот систем, бизнисите и домаќинствата) речиси е тројно повисок од 2000 година и сега надминува 73,6 трилиони долари.

Според предвидувањата на инвестициските банки, до 2024 година долгот на САД ќе достигне 140% од БДП. Владата ќе мора да позајми уште повеќе трилиони за да го одржи финансискиот балон и да ја стимулира економијата. Како резултат на тоа, структурниот дефицит економијата ќе се лизне во бездна.
Американските експерти, тие имаат помалку од десет години да  го решат проблемот. Инаку, земјата ќе се соочи со целосна криза споредлива со Големата депресија на 1930-тите.