„Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки.
Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор“, изјави за „Фактор“ францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјите од Западен Балкан имаат мала перспектива за брз влез во Европската Унија.
Амбасадорот исто така вели дека, градењето околности за кредибилно владеење на правото во земјите кандидатки е неопходен предуслов, којшто оди паралелно со напредокот, како на хартија, така и во пракса.
„Никогаш не беше кажано, ниту ветено нешто друго од наша страна“, вели францускиот амбасадор во земјава.
Извор: Фактор





