Весникот Фајненшл тајмс вечерва пренесува разчарувачка порака до Западниот Балкан и до Македонија од двоецот кој ја предводи ЕУ.
Според весникот „Франција и Германија туриле студена вода на балканските надежи за брз влез во ЕУ“.
На шесте земји аспиранти Меркел и Макрон им кажале да ја одржуваат политичката стабилност со нивна помош.
Тие на шесте гости меѓу кои и премиерот Заев и порачале дека има мала шанса за брзо приклучување на блокот, барајќи од нив најпрвин да си ги средат работите дома.
Макрон се фокусирал на потребата од „политичка стабилност“ во регионот најавувајќи дека Париз ќе помага не преку процесот на проширување туку преку помош во главните економски, социјални, безбедносни области и реформите на владеење на правото.
„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот….. Од 2000 година ние се повлекуваме од регионот но денеска сакаме да работиме заедно“, изјави Макрон пред состанокот со премиерите на Албанија, Босна, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.




