Алијансата за Албанците на Зијадин Села била загрижена од реацијата на МВР која го симна албанското знаме од самоилоата тврдина и дека, бдвајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата.

„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игроорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина не претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија,
Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ. “, велат од Алијансата и додаваат дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба, пренесе Макфакс.




