Левица прифати средба со Сиљановска: Сите мора да соработуваме

Партијата Левица ја прифати понудата на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска и изрази подготвеност да се сретне со неа за да разговара за неуставните и недемократски процеси во Македонија.



„Заради комплексноста на политичката ситуација во која се наоѓа Република Македонија, евидентна е потребата за отвореност кон соработка помеѓу сите политички чинители кои јасно застанаа против неуставните и недемократски процеси, со кои беа погазени основните демократски постулати: волјата на мнозинството граѓани и правото на самоопределување“, објави Левица попладнево.

Од партијата велат дека ја прифаќаат „поканата за средба со кандидатот за претседател, Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, со цел разгледување на можните заеднички позиции кои се од интерес за народот и Републиката“.

Предходно откако членот на раководството на Левица Димитар Апасиев јавно објави дека не треба да се бојкотираат изборите а кандидатката Сиљановска најави дека е подготвена да разговара со Левица за предизвиците со кои се соочува Македонија.

Сиљановска подготвена да се сретне со Левица и Апасиев