Јапонскиот цар Акихито утре ќе абдицира

За прв пат во повеќе од 200 години, еден јапонски цар ќе абдицира.



Царот Акихито (85), по повеќе од 30 години владеење, ќе го предаде престолот Хризантема на својот син, принцот Нарухито.

 Во 2016 година, тој најави дека поради староста и лошото здравје, тој повеќе не можел да ги извршува должностите.

Јапонското кралско семејство е најстарото во светот, а нивната непрекината крвна линија е долга  неверојатни 2.600 години.

Поради старост и здравствени проблеми, 83 годишниот јапонски император, Акихито, 125 цар по ред, во 2016 одлучи да абдицира од престолот, со што неговата земја може да има невидени проблеми.

Според весникот Асахи Шимбун, ова е прво абдицирање во Јапонија по повеќе од 200 години, што треба да се случи за помалку од година и половина.
Јапонскиот премиер ќе се состане со претставници и членови на Кралската куќа во ноември, а потоа датумот на абдицирање ќе биде официјално објавен. Царот Акихито владееше со Јапонија, три децении и поради неговата одлука, да се пензионира иако неговата должност е доживотна. Сепак, одлучено е дека престолот ќе го наследи најстариот син на царот, принцот Нарухито, на 1 април.

Царското семејство во моментов има 19 члена, од кои дури 14 жени, во согласност со закон, наследството на престолот им се овозможува по машката линија на наследување, иако во последниве години во тардиционалната Јапонија се размислува на престолот да дојде и наследничка. Поради овој закон, изборот се стеснува на три принца.
 Царот Акихито има три деца – синови Нарухита и Акишина и ќерката Сајако Куро.

Интересно е тоа што на јапонските кралски семејства не се разликуваат многу од европските лози и се останува „скриено“ во палатата во Aкaсака на имотот во Токио, каде што на обичните луѓе не им е дозволен пристап. Само на Јапонците им е дозволено да влезат во палатата и тоа во посебни прилики на Нова Година, кога целото царска семејство се собира заедно и на присутните им отпоздравуваат зад безбедносно стакло.