Православните гробишта во скопско Брњарци, соседно село на Арачиново повторно се сквернавени.
Вандали повеќе пати досега, ги демолираат надгробните споменици во ова етнички чисто населено место место.
Жителите на Брњарци, кои постојано живеат во притисок поради честите провокации се чувствуваат револтирано, но и беспомошно поради никаквата заштита којашто им ја нуди државата и полициските безбедносни органи.

Слух за нивните проблеми нема ниту општината Гази Баба, во која припаѓа ова скопко село.
За сквернавењето на гробиштата, досега секогаш била известувана полицијата, но, засега, ниту еден сторител не е откриен, пишува Нетпрес.





