Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша е убеден дека сите Албанци, кои живеат во земјите од Западен Балкан еден ден ќе бидат заедно во Европската унија.

Албанија, вели тој, сака да се приклучи кон Европската унија. A , исто така, постојат идентични аспирации за Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
Затоа сум убеден дека сите Албанци од овие пет земји еден ден ќе бидат заедно, како членки на ЕУ“, рече Баша, во интервју за словенечкиот весник „Дело“.





