Над 120 илјади казни кои вредат повеќе од 35 милиони евра поминале низ Управата за јавни приходи минатата година. За 24.475 се подготвиле решенија за присилна наплата.
Станува збор за глоби кои ги изрекле во 2018 година органите на извршната и правосудната власт кои имаат ингеренции да казнуваат, а за кои евиденција има Управата за јавни приходи.
Или, по 300 казни дневно.
Фактор веќе објави дека од УЈП велат дека работата на Центарот за наплата на глоби е се уште во развој и дека се уште не може да се воспостави најпрецизна евиденција и поврзување на казните со казнетите, пишува „Фактор“.




