Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на денешниот самит на лидерите на Западен Балкан во Берлин, изјави дека нема да дозволи никаков вид на размена на територии со Србија, но нагласи дека е „право на Албанците од Прешевскта Долина да се припојат кон Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
На прес-конференција на пришитнскиот аеродром пред заминувањето за Берлин, Тачи синоќа рече дека Косово нема да дозволи ниту модел на „двоен суверенитет“ за Косово, за кој во косовските и српските медиуми се шпекулира дека ќе биде предложен од страна на домаќините на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, како решение за косовско-спркиот спор.
„Нагласувам дека нашата позиција е уставна, законска и јасна – позиција на неаависна и суверена држава. Не очекувам таму да се случи некој дијалог или договор меѓу Косово и Србија, но продолжувам да ја нагласувам мојата позиција дека е во наш интерес поддршката на правото на Албанците од Прешевската Долина за обединување со Косово.
Меѓутоа, секогаш ќе бидам против размена на територии. Тоа е пазарење и ние тоа нема да го дозволиме. Исто така во никакви околности нема да дозволиме некаков вид на двоен суверенитет, ниту германско-германски модел, затоа што е надминат“, порача косовскиот претседател.





