„Како претседател на најголемата политичка партија во државата, застанавме зад независен кандидат, за кој веруваме дека ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија“ изјави претседателот на СДСМ и актулен премиер Зоран Заев.
Тој вели дека сепак доколку не победи нивниот кандидат Стево Пендаровски, ќе распише паламентарни избори.
„Jас верувам во тоа, но секако тоа е само моја желба, посветеност и мои очекувања за иднината на државата. Одлуката ја носат граѓаните секако, ако граѓаните одлучат поинаку, јас веќе реков и јавно ќе повторам, ќе проектираме датум за предвремени парламентарни избори“, изјави Заев.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека со оглед на резултатот од првиот круг, убеден е дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател.
„Јас не ни помислувам дека има друга опција за РМ и за граѓаните освен опцијата дека професорката Гордана Силјановска Давкова е иден претседател на РМ“.
Тој вели дека по претседателските избори Централниот комитет на партијата ќе одлучува како и во која насока партијата ќе се движи“, вели Мицкоски.




