Рускиот патријарх најавува “Украински рецепт” за МПЦ-ОА

Патријархот Московски и серуски Кирил најавува дека наскоро може да дојде до раздвижување на проблемот со признавање на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија.



Рускиот патријарх во интервју за белградска “Политика” вели дека при решавање на проблемот со признавањето на Македонската православна црква е можно да виде употребен “Украинскиот рецепт”.

РПЦ и патријархот Кирил се противат на вакво сценарио и бараат одлуката да биде донесена со консензус од сите помесни православни цркви.

Кон средината на октомври минатата година Цариградската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква, со што го отвори прашањето за статусот на милиони верници во Украина, каде што Руската православна црква има големо влијание.

Веднаш по одлуката на првиот човек во православието за УПЦ патријарјот Вартоломеј, Руската Православна црка ги прекина сослужувањата со Цариградската патријашија и ги напушти сите комисии каде имаше претставници од двете цркви.