Калинов: #НаМегдан смрди на СДСМовска фабричка пропаганда

Граѓанскиот активист Кристијан Калинов ја анализира иницијативата која наводно произлегува од движењето “Шарена револуција” а која бара јавна дебата со двајцата кандидати за претседател.



Според Калинов кој бил дел од “Шарените” а важеше за критичар на многу од политиките на Груевски, постои можност некои од нештата што ги кажува да се неиздржани претпоставки, и затоа пишува со желба да е во грешка.

Сепак неговата анализа е повеќе од логична особено имајќи предвид дека иницијативата доаѓа кратко откако Пендаровски повика на дебата со нив и особено затоа што голем дел од учесниците се дел од владини институции, проекти или се дел од структурите на СДСМ.

Целата изворна анализа на Калинов

“Новата инцијатива #НаМегдан ми смрди како еден нов бран на фабрички произведена онлајн пропаганда.

Овојпат од владеачката сдсм.

Ова се дел од причините:

1. Се појавува во време на изборна кампања. За власта неочекувано поразителна кампања.

2. Помеѓу поканата на Стево до шарените да гласаат и “прозивката” на шарените да се видат на мегдан, до потпишување на иницијатива од над 20тина учесници имаше само 2-3 дена.

Цела кампања спремна со мисла, тема, концепт и фб пејџ. Нешто што бара недели ако не и месеци подготовка.

3. Еден од иницијаторите и фасилитаторите на иницијативата е 1ТВ.

Експлицитно про владина телевизија.

4. Добар дел од потписниците беа експресно вработени во државни институции по доаѓањето на сдсм на власт.

Тоа посочува на контакти и врски длабоко во извршната власт.

Луѓе кои се вработени по интервенција на власта, сега треба да ја “критикуваат” власта за вработување на блиски луѓе.

5. Добар дел од потписниците се интернет персони по мерката на Бетмен и Влатко Васиљ.
Почнаа критички кон власта, па влегоа во постепена критичка транзиција. 90% -10% 70% – 30% ,’ и се до целосна подршка кон власта со сериозно релативизирање на проблемите.
Неконсистентни вредности и неконстанти позиции на одредени прашања, во зависност од промена на позициите на власта.

Пр. Додека владата бараше целосно процесирање на учесниците во 27 април, овие онлајн активисти жустро го бараа истото. Кога власта почна да менува насока кон амнестија, истите тие почнаа да ги убедуваат своите следбеници на социјалните мрежи од каква неопходност е тоа и дека противењето на тој процес е против евро-интеграција.

Btw старото “предавници и одродени” е новото “против евроатланските вредности”.

Пратете како власта го користи овој термин секогаш кога некој се спротивставува на нивните сомнителни политики.

6. Добар дел од потписниците на оваа инцијатива се експлицитни поддржувачи на власта. (Ако погорните агргументи веќе не посочуваат на тоа)

7. Не ги познавам сите потписници, но фалат добар дел истакнати шарени кои имаат јавен профил и се критички настроени и кон оваа власт.

8. Павле Богоевски е пратеник во редовите на сдсм.

Како да го гледате ова е смешно.
Исто толку смешно како кога Јани Макрадули и Шилегов излегоа на протест против загадувањето.

Зошто и кој е таргет?

Зошто-
И власта и опозицијата многу добро ја разбираат вредноста на социјалните мрежи во однос на креирање на јавното мислење.
Падот на дпмне ќе беше невозможен без социјалните мрежи. Но и рејтингот и влијанието на дпмне во добра мера се создаваше преку соц. мед.

И власта и опозицијата до сега, доста добро ги исползуваат соц. мед.
Најмногу преку вакви интернет персони кои се добри комуникатори и имаат некакво влијание на социјалните мрежи.

Кој-
Очигледно дека вмро преку своите онлајн апарати се обидува да го поттикне #Бојкотирам да гласа за нивниот кандидат.
Сдсм никогаш немал визија за тој профил на граѓани.
Но дефинитивно се обидуваат да ги придобијат анти-вмровците, кои не неопходно се нивни поддржувачи.
Млади луѓе, прогресивни, културолошки либерални, со критичка мисла и желба за правда. Голем број од таквите се пронајдоа во #ШаренатаРеволуција.

За крај.

На средбата очекувам вешто конструирани прашања, кои однапред се подготвени, чија форма ќе посочи на невиност и или дејствувањето по неопходност од страна на власта.
Верувам дека нема да има жешки прашања и дека ќе доминира политичка коректност, каква што Шарената Револуција не познаваше во критиката против вмро”, вели Калинов.

Иницијативата овде