Кога решивме да го поддржиме претседателскиот кандидат Блерим Река, ние не одевме со алтернативен кандидат, па ако не успее – да поддржиме некој друг, изјави меѓу другото во гостување на Алсат М лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин села.



Тој вели дека нема да му наметне на гласачкото тело за кого да гласа или да не гласа во вториот круг од претседателските избори.

Во синоќешното интервју за емисијата „360“ , Села рече дека следната недела органите на партијата ќе одлучат за натамошните чекори.