Лани Грција ја посетиле 1,2 милиони македонски граѓани

Минатата година 1,2 ,милиони македонски граѓани оставиле 155 милиони евра на грчките плажи, објави Радио слободна Европа.



Сепак, бројката е дури за една четвртина помала споредена со претходната 2017 година и ддалеку помала во однос на изминатите години.

На пример, пред 4 години Грција ја посетиле над три милиони туристи од Македонија.

Само за 4 години бројот на туристи од земјава во Грција е за два и пол пати намален.

Во 2015 кога бил регистриран и најголем број туристи од Македонија што ја посетиле Грција, а потрошиле 247 милиони евра, објави Радио Слободна Европа.