Македонски железници: Ако сакате да знаете што збориме најдете си преведувачи од албански (ВИДЕО)

Функционер на Македонски железници предизвика гнев и реакции кај новинарите и јавноста откако ладнокрвно на прес конференција од медиумите побара да се снајдат со преводот од албански јазик затоа што тој не можел да им помогне.



Функционерот сугерира медиумите да најдат новинари што знаат албански јазик и се понуди по завршување на настанот да им раскаже што зборувал на албански јазик.

Дури и според актуелниот закон за јазици секој државен функционер е должен да зборува на Македонски а дополнително може да го користи и законот што го говорат заедниците над 20 %.

Посебно прашање е зошто на прес конференцијата стои знамето на Република Македонија што е спротивно на законот за знамињата.