Викиликс: САД му спремаат смртна казна на Асанж!?

Американските власти се обидуваат да го обвинат Џулијан Асанж, за шпионажа, за да може да биде казнет со смрт, објави Викиликс на Твитер во петокот.



„Американското Министерство за правда се обидува да изгради случај против Џулијан Асанж врз основа на Законот за шпионажа. Пресудата, според Законот за шпионажа, може да биде казна смрт”, објави „Викиликс“.

Сајтот „Викиликс“ бил основан во 2006, а на него беа објавувани доверливи информации за активностите на владите од неколку земји меѓу кои и од САД.

Во 20122 Асанж беше обвинет за силување во Шведска, а од страв да не биде испорачан во САД, тој побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон каде помина речиси 6 години.

Пред две недели азилот му беше  ускратен и Асанж во моментов е во притвор во Лондон.