„Да бидеме децидни, ние сме заинтересирани да се постигне цензусот, ДУИ ќе биде силно ангажирана во вториот круг за г-дин Пендаровски да биде претседател на Република Северна Македонија. Исто така ги направивме нашите пресметки, тоа ќе биде од 80 до 100 илјади гласови“, рече Изет Меџити потпретседател на ДУИ во гостување на Алсат М.
Тема беше вториот круг од претседателските избори за кој ДУИ сака да се достигне цензусот во, додека потпретседателот на Алијансата за Албанците Ремзи Мемети рече дека не треба да се блокира процесот на евроинтеграција на земјава
Мемети сепак нагласи дека партиски принцип е гласачот да не биде сметан како имот на партијата. Органите на Алијансата допрва ќе одлучат дали ќе ги повикаат своите симпатизери да гласаат на 5 мај.





