Итно прекинување на коалицијата со ДУИ и формирање влада со албанската опозиција која има поголем легитимитет од партијата на Али Ахмети, предлага поранешниот потпретседател на СДСМ и универзитетски професор Гордан Георгиев.
„Би му се заблагодарил на ДУИ за услугите во Владата. Би преговарал со албанската опозиција која има пратеници и легитимитет во парламентот. Со 80.000 гласови на Блерим Река тие партии имаат и дополнителен изборен легитимитет и чукааат на врата на Владата. Велат, ‘тука сме, имаме капцитет’. ДУИ само паѓаат. Би си го проверил бројот на пратеници кои ме поддржуваат како премиер. Доколку се согласат албанските опозициски партии да влезат во таа влада – добро, доколку не – ќе одиме на брзи предвремени избори“, изјави Георгиев.
Во синоќешната емисијата „24 анализа“,тој оцени дека тоа е единствен „спас“ за рејтингот на владата на премиерот Зоран Заев…




