Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова беше дел од фантастичната атмосфера на ракометниот меч Вардар – ПИК Сегед на кој македонскиот шампион победи со 8 голови и е најсериозен кандидат за нов трет по ред “Фајнал фор” во Келн.
Сиљановска во салата Јане Сандански во зовриената атмосфера беше заедно со колешката професорка и екс пратеничка на СДСМ Каролина Астеруд Ристова и нејзината сестра Ленче Сиљановска – Џивџан.
Ленче Сиљановска е ветеранка на женскиот ракометен клуб Вардар а своевремено во поранешна Југославија играла и за македонската репрезентација.





