Тешките моменти во кои се најде Вардар по најавата за повлекување на спонзорот Сергеј Самсоненко дополнително ја зголемија еуфоријата по триумфот од 31:23 над ПИК Сегед во првиот четвртфинален дуел од ракометната Лига на шампионите.
Никој од преполните трибини на СЦ „Јане Сандански“ не се поместуваше од своето место ни десетина минути по завршувањето на натпреварот, оддавајќи им признание на играчите за играта и за резултатот што го доближува клубот до трет фајналфор во Келн,
Се тресеа сводовите на ракометниот храм во истоимената скопска населба пред, за време и по мечот со Унгарците, кој го одбележа и транспарентот на „Комити“ со мислата на револуционерот „Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во себе“.
Атмосферата пред почетокот ја вжешти „Некст тајм“ со изведбата на неофицијалната химна на вардаровите фанови „Ја излези Ѓурѓо“, а поддршка на вардарци од трибините им даде и кандидатката за нов претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.





