„Морам да кажам дека помалку делува трагикомично мене да ме обвините за некој кој има врска за транзицијата, зашто транзицијата е сѐ уште, за жал, недовршен процес во Македонија. А, јас сум била министерка од 1992 до 1994 година. Само што почнувала тогаш транзицијата.
А, особено е трагикомично кога обвиненијата доаѓаат од транзициски икони кои сета младост и живот го поминале во рамките на транзицијата. Но, за жал, сѐ што било умно и вредно во Социјалдемократскиот сојуз го анулирале“ изјави денеска кандидатка за претседател на дравата Гордана Силјановска Давкова.
„Невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот, како што е невообичаено да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања. Уште поневообичаено е да гледате драми со метли, особено што за метлите слушавме многу порано, но никој не смете ништо“ – рече Силјановска.




