За Груби, пресудата за убијците на Саздо е скандалозна

Пратениците на ДУИ, Артан Груби и Ејуп Алими, ја нарекоа скандалозна судската пресуда против осудените за убиството на Никола Саздовски Саздо, кои вчера беа осудени на по 19 години затвор.



„ Со скандалозната судска пресуда се докажа селективната правда, било на етничка основа, верска, или партиска припадност. Се осудуваат дваца млади лица со по 19 години затвор, односно вкупно 38 години затвор, а убиецот на малиот Алмир во Куманово се осуди на само 6 години затвор и му се овозможи одбрана од слобода. Ако ова не е селективна правда, не знам што е“, рече во Собранието денеска пратеникот Артан Груби,  пренесува „Фокус“.

Тој ги спомна и случаите „Сопот“ и „Монструм“ како примери за селективна правда…