Хрватска испрати 6.500 полицајци на границата со БиХ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека 6.500 полицајци биле ангажирани на границите на Хрватска за да ги спречат илегалните мигранти.



Полицијата има многу добар увид во тоа каде, кога и како да реагира со цел да ја заштити територијата на Хрватска од нелегални миграции, рече тој
„Нашата миграциска политика, како и кон Босна и Херцеговина, е базирана на меѓусебна соработка меѓу државите“, рече Пленковиќ во парламентот како одговор на прашањето за миграцискиот центар во БиХ кој треба да се отвори по хрватската граница.

Според него,по источно0медитеранската односно „балканска рута“ с’е повеќе и повеќе мигранти се насочуваат кон БиХ, пренесе Хина.