Исплатата на лозарите и на тутунарите требаше да почека по изборите

Претседателката на Комисијата за борба против корупцијата, во гостувањето на „Само вистина“, рече дека исплатата на парите на лозарите пред изборите е еден од издржаните приговори на опозицијата зашто има елементи на влијание врз гласачите.



„…изборите се планирани, точно се знаеше кога ќе се одржат. Владата во духот на доброто владеење требаше да ја одложи исплатата за постизборниот период“, истакна Билјана Ивановска.

Според неа, и предвремената исплата на субвенциите, како оние за тутунот што лани им беа префлрени на производителите во мај, а сега во март, покажува обид „на мала врата да се протнат некои работи кои ќе имаат влијание врз гласачкото тело“.

Околу 15 приговори доставила опозициската партија до Антикорупоциската комисија за злоупотреби во текот на изборна кампања, а претставки има и од граѓаните.