Средби со сите оние кои го бојкотирале првиот круг гласање поради промената на името, но и со незадоволните од шарената револуција најави вчера кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во разговорот за Сител.



Неофицијално, меѓу они со кои Силјановска Давкова би се сретнала се и партиите Интегра на Љупчо Ристовски и Глас за Македонија на Солза Грчева. Двете партии делуваат опозициски, но пред гласањето на 21 април повикаа на бојкот на изборите, објави Сител.