Околу 226 гласа повеќе освои Гордана Сиљановска Давкова од Стево Пендаровски во Битола првиот круг од претседателските избори.
Иако разликата не е голема и не е решавачка во однос на крајниот изборен резултат, сепак ова се први избори во последните две и пол години на кои ВМРО-ДПМНЕ успеава да освои повеќе гласови од СДСМ во Битола.
Според ДИК, за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова гласаа 17.992 гласачи од Општина Битола.
За противкандидатот Стево Пендаровски од СДСМ и коалиционите партнери 17.766 гласачи.
Извор: РСЕ




