Одбојкарите во Тирана по нов Ф-4 во Европската лига

Со тоа што го презентираа и со деветте акумулирани бодови од натпреварите во Скопје минатиот викенд, црвено жолтите не треба да се грижат за пласман на завршниот турнир во Данска на 1 и 2 јули, но секако ќе сакаме да го задржиме првото место во групата по што во полуфиналето на Фајнал форот би се сретнеле со домаќинот што делува како подобра опција од првакот во дригата група Украина.



Во Тирана треба да се продолжи со победите зошто тие за реновираниот тим на селекторот Балтиќ се важни и во делот на воигрување, создавање компактност, чувството на терен кои, за овој спорт се од исклучителна важност. Нема причина да ја запираме серија која од утре во променет редослед ни носи средби со Шведска (петок 15 часот), Азербејџан (сабота 15 часот), па Албанија (недела 18 часот) зошто ние водиме на табелата со 9 бодови и сепак сме достижни, и за втората Албанија со 5, и за третата Шведска која поседува 3, па и за Азербејџам кој има 1 бод.