Неофицијално, припадници на Исламска држава стојат зад нападите во Шри Ланка, јавуваат денеска агенции откако наводно оваа терористичка организација ја презеде одговорноста за експлозиите во 3 цркви и 3 хотели.



Првичната истрага за смртоносните напади на Шри Ланка, во кои загинаа над 310 лица, покажува дека станува збор за одмазда за Крајстчрч, изјави заменикот-министер за одбрана на Шри Ланка,

Руван Виџевардене, вели дека првичните сознанија наведуваат на заклучокот дека бомбашките напади во Шри Ланка во кои закинаа над 300 лица а над 500 се повредени, биле одмазда за масакрпот во џамија извршен во градот Крајстчрч во Нов Зеланд

„Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч“, изјави пред парламентот Виџевардене.

На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници.