Граѓаните и натаму се соочени со недостиг на одредени лекови кои се на товар на Фондот за здравство меѓу кои антибиотици, лекови за зголемен крвен пристисок, срцеви заболувања, ревматизам, дијабетес, холестерол. И по една година од зголемувањето на квотите на лековите препишани на рецепт, лековите се појавуваaт во почетокот на месецот и потоа бргу ги снемува.



Во меѓувреме, зголемена е и партиципацијата за некои лекови во висина од приближно 100 денари, но пациентите не се известени и тие своето незадоволство им го изразуваат на вработените во аптека.

За граѓаните пак, останува нејасно зошто ги нема неопходните лекови, но и зошто претставниците на аптеките одбегнуваат разговор за проблемот кој реално постои.

„Аптекарката ми вика ние се извинуваме, првите неколку дена ги има потоа ги нема… Не ги наоѓам секогаш кога ги барам. Обично за болки во зглобови барам лекови и ги нема, па ги земам приватно. Ако чинат 150 денари на рецепт, 500 денари се на приватно“, вели граѓанка на Скопје.

ИИзвор: Радио Слободна Европа