Бомба експлодираше денеска во паркирано сомнително комбе во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, додека полицајци се обидувале да ја демонтираат, јавуваат агенции.
Бомбата експлодирала во близина на црква, која беше една од целите на смртоносните напади во неделата во кои загинаа 290 лица, а беа ранети 500.
Бомбата била поставена во комбе и експлодирала додека тим деминери се обидел да ја демонтираат.
Малку порано полицијата соопшти за новооткриен 87 детонатори за бомби на главната автобуска станица на Коломбо.
Воведена е вонредна состојба, како над 1.000 војници се распоредени за безбедноста во Коломбо – трговската престолнина и најголемиот град на Шри Ланка.





