Претседателскиот кандидат на денешната прес конференција, се обрати и до граѓаните кои гласаа за Блерим Река и ги повика масовно за излезат на 5-ти мај, бидејќи, како што рече, ја очекува нивната поддршка.
„Знам дека во огромен број ја поддржуваат мојата визија за европска Македонија, наместо ревизија и блокади кои ги најавува Силјановска.
Од нивниот глас зависи каков курс ќе заземе нашата земја. 5 мај е последниот датум да избегнеме нови поделби, блокади и застој на патот кон ЕУ“, рече Пендаровски како што пренесе „Фокус“.
Одговарајќи на новинарското прашање околу „тивкиот бојкот“ на некои партии што стојат зад неговата кандидатура, тој рече дека нема такви сознанија.
Пендаровски смета дека тешките политички одлуки што беа донесени, како договорите со Грција и Бугарија и Законот за јазици, се причина за резултатите во првиот круг од изборите.





