Панчевски за твитот на Амбасада на САД со овците: Навреда за народот на овој ден

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, го оцени како скандалозен и побара одговорност за твитот на Амбасада на САД за денешниот прв круг од претседателските избори во Македонија, во кој на една од трите придружни фотографии има стадо овци.



„Ова е интернационален скандал ваква симболика, да се дигне на повисоко ниво, ова е навреда за народот на овој ден, ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОЈ ШТО ДОЗВОЛИЛ ОВА ДА СЕ ОБЈАВИ!“, твитна Панчевски како реакција на твитот на некогашната министерка за култура Ганка Цветанова: „Почитувана Амбасада на САД, би можеле ли, ве молам, да ни го објасните симболизмот на фотографијата што ја постиравте на вашиот официјален профил на Твитер на денот на претседателските избори?“.