Во текот на рацијата по денешниот бомбашки напад на неколку цркви и хотели во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, биле уапсени 7 лица за кои се смета дека стојат зад теорористичкиот чин на денечниот католички празник Велигден, во кој загинаа над 200 лица а неколку стотици се ранети.
Во рацијата во куќа во Коломбо, загинале тројца полицајци.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, но АFP тврди дека поседува документ кој покажува дека началникот на полицијата на Шри Ланка, уште пред десет дена издал предупредување до водствата на безбедносните сили и служби за можни бомбашки напади на бомбаши самоубијци врз цркви.
Се шпекулира дека зад нападите стои извесна NTJ (National Thowheeth Jama’ath) радикална исламистичка групација од Шри Ланка која минатата година беше поврзувана со вандализирање будистичките споменици.




