Двајца загинаа во пад на мал авион во Бугарија

Мал авион од типот „Зодијак“ се урнал во Бугарија при што загинале пилотот и единствениот патник во авионот, објавија бугарските медиуми.



Пилот на возраст од 45 години, е сопственик на авиокомпанијата „Белозем” а неговиот придружник е 18 годичник од Чирпан.

До несреќата дошло кога едно од крилата на авионот се одвоило/скршило од трупот.

Пред 20 дена на Солунска Глава се урна приватен мал авион при што загинаа сите четворица патници во леталото од типот „Цесна“.